Фудбал

МУНДИЈАЛОТ ВО 2034 ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ИГРА НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Светската фудбалска куќа одлучи домаќинството за Мундијалот во 2034 година да го додели на Саудиска Арабија. Тоа значи дека Светскиот фудбал ќе се врати на Блискиот Исток, откако последниот Мундијал во 2022 година се одигра во Катар, кадешто Агентина ја освои титулата.

Со оваа одлука која се донесе преку гласање, ФИФА го одржува принципот секој следен Мундијал да се одржува на различен континент, па така за 2034 година можеа да се кандидираат земји од Азија и Океанија.

Светското првенство во 2030 година ќе се игра во три земји, кодомаќини ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, протегајќи го Мундијалот на европскиот и африканскиот континент.

Мундијалот во 2026 година, како што е познато, ќе се одржи во САД и Мексико, каде за првпат во историјата ќе се натпреваруваат рекордни 48 репрезентации.