Фудбал

МИОВСКИ НАЗАД НА ТЕРЕНИТЕ ДУРИ ВО 2025 ГОДИНА

Бојан Миовски, македонскиот репрезентативец и член на Жирона, вчеравечер го пропушти дуелот против Ливерпул во Лигата на шампионите, откако ден претходно се здоби со повреда на зглобот.

Иако надежите беа дека Бојан не е сериозно повреден, сепак по медицинските прегледи се утврди дека нашиот голгетер ќе мора да паузира до шест недели. Тоа значи дека 2024 година за него е завршена.

Миовски во дебитантската сезона во дресот на Жирона досега запиша 15 настапи, во кои четирипати беше стрелец, додека во два наврати се најде во улога на асистент.