Кошарка

МАКЕДОНСКИОТ СНАЈПЕР СТИГНА ДО ЈУБИЛЕЈНИ 200 ТРОЈКИ ВО НЦАА (ВИДЕО)

Андреј Јакимовски одигра уште една блескава партија за Колорадо Бафалос, овојпат со 17 поени го предводеше својот тим до победа над Пацифик тајгерс при конечни 75:66.

Нашиот „снајпер“ погоди четири тројки со кои стигна до јубилеен број од 200 погодени шута од далечина во НЦАА лигата. Јакимовски придонесе и со четири асистенции и два скока, потврдувајќи ја одличната форма во оваа сезона.