Кошарка

МВП НА КОЛОТО – НЕНО ДИМИТРИЈЕВИЌ!

Ненад Димитријевиќ, репрезентативецот на македонската кошаркарска репрезентација, е избран за најкорисен играч во четвртото квалификациско коло за Евробаскетот 2025.

Неговата блескава партија против Литванија во која постигна 43 поени му го донесе признанието, иако Македонија го загуби мечот, а Нено се повреди на неколку минути до крајот.

Димитријевиќ беше фантастичен со 7 погодени тројки, односно запиша 6 асистенции и 4 скока, учинок што му донесе највисок индекс 40.