Фудбал

БИЗАРНО: ГО ПОНЕСЕ ЧЕРЕПОТ ОД ДЕДО МУ НА ФИНАЛЕТО НА КОПА СУДАМЕРИКАНА (ФОТО)

Расинг во саботата ја освои титулата во Копа Судамерикана по триумфот од 3-1 над Крузеиро во финалето, што е прв континентален трофеј за аргентинскиот клуб по 57 години пауза.

По тој повод, еден фан на Расинг направи нешто невидено досега, го понесе со себе черепот од неговиот починат дедо, кој всушност бил присутен во 1967 година кога Расинг ја освои единствената континентална титула во Копа Либертадорес. Неговата намера беше дедо му да биде „присутен“ за ова големо остварување на кое се чекаше повеќе од половина век.

Дури 57 години подоцна, Расинг повторно има континентален трофеј во своите витрини, па внукот на Валентин Агиљера дочека да доживее успех исто како дедо му.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OneFootball (@onefootball)