Фудбал

БЕЛИНГЕМ ПОВТОРНО ВО ЖОЛТО-ЦРНО?

Борусија Дортмунд во зимскиот преоден рок планира да го засили средниот ред, а еден од потенцијалните освежувања на екипата може да биде Џоб Белингем, помладиот брат на Џуд.

Џоб игра на иста позиција како брат му, кариерата истотака ја почна во Бирмингем за сега да е важен член на екипата на Сандерленд. Неговиот договор важи до јуни 2028 година со Црните мачки, а според англиските медиуми, Милионерите треба да издвојат околу 25 милиони евра за да ги добијат услугите на 19-годишниот играч за врска.

Дортмунд повторно во тимот би имале играч со презиме Белингем, откако Џуд три години ги бранеше боите на актуелниот европски вицепрвак, а потоа во 100-милионски трансфер потпиша за Реал Мадрид.

Дали Џоб ќе го достигне потенцијалнот на неговиот постар брат, останува да се види, како и дали ќе ги следи неговите чекори да заигра во Бундеслигата.