КИРЈОС ГО ПОТВРДИ ДОЛГООЧЕКУВАНИОТ КАМБЕК
Објавено на: 15.11.2024
Ник Кирјос, австралискиот тенисер, го потврди својот камбек на терените по долгата пауза поради повреди. Финалистот на Вимблдон од 2022 година ќе игра на турнирот во Бризбејн кој почнува на 29 декември.
„Се чувствувам подготвен и здрав, но и возбуден што ќе му се вратам на тенисот. Беше тоа долг пат на закрепнување за да бидам тука каде што сум. Моментално се чувствувам најдобро во последните две години. Играв неверојатно во 2022 година, а по двете финалиња на Вимблдон и Ју-Ес Опен почнаа проблемите и болките во зглобот од раката. Бев под нож и сега се чувствувам одлично“, истакна Кирјос.
Токму повредите на зглобот на раката и на коленото го спречија Кирјос да игра во континуитет, а во изминативе две години одигра само еден меч во рамките на АТП, тоа беше во Штутгарт во 2023 година.
По настапот во Бризбејн, Кирјос планира да учествува и на домашниот гренслем во Мелбурн.