Фудбал

„НОВИОТ“ МОДРИЌ ПО ПРИМЕРОТ НА ТОТИ И ЏЕРАРД, ГО ОДБИЛ ЕВРОПСКИОТ ПРВАК

За Мартин Батурина пишувавме пред извесно време, кога младата ѕвезда на Динамо Загреб блесна против Монако во Лигата на шампионите.

За 21-годишниот офанзивен играч за врска се чека долг ред за преговори, а Модрите лесно одбиваа понуди и до 30 милиони евра. Него го сметаат за новиот Лука Модриќ, затоа и се чека „потешка“ понуда, бидејќи само името на клубот не е доволно.

Според шпанскиот медиум „АС“, Батурина одбил преселба на „Сантијаго Бернабеу“, а не го привлекло ниту иницијативата да биде наследник на неговиот постар сонародник, Лука Модриќ. Веројатно Батурина е свесен во каква ситуација се наоѓаат младите играчи како Арда Ѓулер и Ендрик, кои ретко добиваат минутажа, односно сака да му биде гарантирано место во стартните 11 пред да се одлучи за следниот чекор во неговата кариера.

Кариерата е пред него, има време за повторно да го привлече вниманието на Кралевите, но Батурина засега е во одбраното друштво со Тоти, Џерард, Буфон и Рој Кин како ретките фудбалери кои го одбиле клубот со најмногу европски титули во историјата на фудбалот.