СУДИЈАТА-НАВИВАЧ НА ЈУНАЈТЕД ДОБИ СУСПЕНЗИЈА ПОРАДИ СКАНДАЛОЗНОТО ВИДЕО ВО КОЕ ГИ ВРЕЃА ЛИВЕРПУЛ И КЛОП (ВИДЕО)
Објавено на: 12.11.2024
Дејвид Кут, англискиот арбитар од Премиер лигата е суспендиран на неопреден период, односно додека е активна истрагата по скандалозните видеа кои беа објавени на интернет деновиве, во кои Кут јавно ги вреѓа Ливерпул и поранешниот тренер на екипата, Јирген Клоп.
Кут е познат како навивач на Манчестер јунајтед веќе извесно време, една потврда за тоа е изгледот на неговиот фејсбук-профил во минатото, кога имаше прикачено фотографија од Олд Трафорд како за кавер, а дека е анти-фан на Црвените од Мерсисајд, докажува следното видео.

„Ливерпул се ср*ње, а Јирген Клоп е тотална п*чкица. Немам никаков интерес да комуницирам со некој е до тој степен арогантен и ме обвинува дека лажам“, зборува Кут на видеото подолу.
David coote ladies and gentlemen pic.twitter.com/WDHc36a7Mn
— Josh (@Josh97LFC) November 11, 2024