Фудбал

НИКОЈ КАКО СЛОТ – НИ МУРИЊО, НИ ГВАДИОЛА, НИ КЛОП…

Арне Слот ужива во црвената бајка откако го замени Јирген Клоп на тренерското столче во Ливерпул. Победата над Астон вила со 2-0 од изминатиов викенд му оебзбеди рекорд на холандскиот стратег, а според овој сегмент Слот е подобар дури и од Мурињо, Гвардиола, Анчелоти…

Имено, Слот е единствениот тренер во ерата на Премиер лигата кој во првите 17 меча во сите натпреварувања неговиот тим има забележано 15 победи.

По 11 кола во англиското првенство, Црвените имаат учинок од 9 победи и по едно реми и пораз, а со 28 бода Ливерпул е на врвот на табелата со 5 бода повеќе од второпласираниот Манчестер сити. Во лигашкиот дел од Лигата на шампионите, гигантот од „Енфилд“ има максимален учинок од 12 бода по четири кола.

Како за споредба, Слот по 17 натпревари има подобар учинок Анчелоти и Мурињо, кои имаа по 14 победи, додека Конте, Сари и Грегори имаа по 13 победи. Гвардиола со Сити забележа 11 победи во пвите 17 меча, додека претходникот на Слот, Јирген Клоп имаше остварено само 9 победи кога во есента 2015 година седна на клупата на Ливерпул.