Фудбал

ПРОЕКТИЛОТ НА ЧАЛХАНОГЛУ (ВИДЕО)

Интер кон крајот на полувремето го проби ѕидот на Наполи и тоа со удар од 25 метри на Хакан Чалханоглу.

Турскиот играч од средниото ред ја „распали“ кон голот на Мерет, а топката освен што имаше голема брзина, имаше и чудно ефе кое не успеа противничкиот голман да го скроти.

1:1 е на полувреме и претстојат пеколни 45 минути до крај.