Мотоспорт

СОПИРАЧКИТЕ НА ФЕСТАПЕН, ШОУТО НА АЛОНСО, СУДАРОТ НА САИНЦ И ИЗЛЕТУВАЊЕТО НА ПЕРЕЗ

Макс Ферстапен ги изгоре сопирачките во историските спринт-квалификации на Силверстоун, што се случија за првпат во постоењето на Формула 1, за освојување на пол позицијата:

Фернандо Алонсо прелета половина грид и остави зад себе 6 болиди на стартот, во борбата за подобра стартна позиција, што на крајот резултира со освојување на 7-то место:

Потоа доби пофалби од тимот преку тимското радио:

Карлос Саинц се судри со Џорџ Расел по што возачот на Ферари заврши во тревата и за влакно ги избегна бариерите, но на крајот успеа да се врати на патеката:

Истото му се случи на Чеко Перез, со тоа што овој самиот загуби контрола над болидот и се најде во тревата, потоа во песокот и многу блиску до заштитниот ѕид:

По премиерните спринт-квалификации, прв ќе стартува Ферстапен од Ред Бул, пред Хамилтон и Ботас од Мерцедес, осносно Леклер од Ферари.