КРАДАМ ОД КОГО СТИГНАМ, ЗАТОА ШТО ИМАМ ПОЛОВИНА МОЗОК, НО ОД НИВ ПОСЕБНО
Објавено на: 17.07.2021
Американскиот селектор призна дека современите стратези во спортот не се срамат да позајмат по некоја идеја од колегите, затоа што никој не е најпаметен на светот.
Грег Поповиќ беше брутално искрен на прашањето на новинарот, кој не очекуваше ваков одговор:
View this post on Instagram
ПРАШАЊЕ: Пред извесно време рековте дека крадете акции од Ивковиќ и Обрадовиќ. Дали ќе ги употребите нивните идеи на овие ЛОИ?
ОДГОВОР: Не знам, тоа зависи од противниците против кои ќе играме. Крадам од кого можам, затоа што имам половина мозок, а во светот има толку многу паметни луѓе. Не сум толку добар во откривање на тркала. Земаме по нешто од секого, но од тие двајца е добро да се краде затоа што тие се посебно паметни. За ова, никој не може да ме уапси.