НАЈТРОФЕЈНАТА ЗЕМЈА НА ЛОИ, ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА 57-ГОДИШНИК
Објавено на: 15.07.2021
Американците ќе настапат во Токио со 613 спортисти, од кои 329 дами и 284 мажи во 44 дисциплини. Овааа земја имаше повеќе претставници само во Атланта 1996-та – 648. Во Рио, на последното издание на ЛОИ, САД освоија најмногу медали.
Највозрасниот кој ќе ги претставува боите на Америка е 57-годишниот Филип Датон, кој е највозрасен на игрите и кој по седми пат ќе го види олимпискиот оган.
За волја на вистината, двапати настапуваше за Австралија (златни медали во 1996-та и 2000-та во Сиднеј, бронза за САД во Рио 2016-та), но неговиот спорт го двозволува тоа.