ВРЕМЕ Е ЗА НОВ ЧУВАР НА МРЕЖАТА?
Објавено на: 17.10.2024
Мануел Нојер и на 38 години брани на врвно ниво за Баерн Минхен, но се чини дека полека доаѓа крајот на неговата ера во Баварија.
Иако Нојер ги импресионираше сите што успеа да се врати меѓу диреците откако надмина тешка повреда на коленото и дури бранеше за Германија летово на Европското првенство, сепак неговата иднина не е загарантирана во редовите на германскиот гигант.
Имено, претседателот Карл-Хајнц Румениге посочи дека засега продолжување на договорот на Нојер не е во плановите на управата.
„Тоа што Нојер успеа да закрепне и повторно да брани на високо ниво е за секоја пофалба. Не ни беше верно дека надмина толку тешка повреда и без проблеми повторно застана пред голот, веднаш се адаптира на новиот тренер. Мануел секогаш успевал да се прилагоди на промени, додека безброј пати покажа колку е важен за овој клуб. Но, засега не е познато дали ќе му понудиме нов договор“, истакна Румениге.
Нојер го одработува едногодишниот договор кој го продолжи пред крајот на минатата сезона, додека германските медиуми со оваа изјава на Румениге си дозволија да истакнат три потенцијални замени за славниот голман, а тоа се Александер Нубел кој е на позајмица во Штутгарт токму од Баерн, Барт Вербруген од Брајтон, како и Алисон Бекер од Ливерпул.