ДЕЈЛИ МЕЈЛ НЕ САКА ГЕРМАНЕЦ НА КЛУПАТА НА ГОРДИОТ АЛБИОН
Објавено на: 16.10.2024
Дека ксенофобијата и расизмот не се искоренети од Европа, говори фактот што во Англија се крена голема прашина поради тоа што Германец седнува на клупата на „трите лава“.
На социјалните медиуми вчера во текот на денот на шега проветруваа шали како англиските навивачи ќе ја пеат нивната позната „10 германски бомбардери“ кога ќе игра Англија, сега откако Тухел односно Германец е нивен тренер. Но работата освен кај индивидуалци, отиде предалеку откако Дејли мејл денес на насловна страна го објави ова.

Според нив, ова е „црн ден во историјата на Англија“, бидејќи Германец ќе го предводи нивниот репрезентативен тим. Фактот дека ГЕРМАНЕЦ го имаат напишано со големи букви, дава дополнителна тежина, а на социјалните медиуми веќе на големо се осудува овој став на познатиот лондонски медиум.