КАКОВ ГОЛ НА МИОВСКИ: ОД МЕСТО (ВИДЕО)
Објавено на: 13.10.2024
Бојан Миовски ни носи предност во Ереван на 20 минути пред крајот, откако нашите фудбалери не дозволија Ерменија да поведе претходно во натпреварот, а потоа следуваше одлична реакција на напаѓачот на Жирона.
Во голем стил и можеби еден од поубавите голови кои ги има постигнато Македонија во последно време, Бојан Миовски од место стрелаше во подалечниот агол на Чанчаревиќ.
Погледнете и уживајте (се надеваме дека ќе биде вреден за победа):
Bojan Miovski! 🇲🇰
Brilliant goal.
— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) October 13, 2024