Фудбал

ВИДЕО НАВРАЌАЊЕ: ПРВИОТ НАТПРЕВАР И ПРВИОТ ГОЛ НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

За прв пат македонската химна и македонскиот дрес се носеа на зелениот терен во Крањ пред точно 31 година на пријателски дуел против Словенија.

Првите 11, предвидени од златната копачка на Европа, Дарко Панчев, а на голот Зоран Мицевски. Пред него, Кире Грозданов, Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Љупчо Марковски, Илија Најдовски, Чеде Јаневски, Зоран Бошковски, Бобан Бабунски и Тони Мицевски.

Подоцна, во текот на натпреварот настапија од клупата и: Неџмедин Мемеди, Ванчо Мицевски, Горан Георгиевски и Саво Милошевски.

Првиот гол беше постигнат од Зоран Бошковски по асистенција на Дарко Панчев, а подоцна стрелци беа Панчев од пенал, Најдоски и Јаневски исто така од пенал.

За Словенија, голот го постигна Јанеж Пате, за да намали на 1:2, а финалниот резултат беше 1:4.

Денот историја, нека биде мотив повеќе денес за нашите фудбалери против Ерменија за да стигнеме до толку посакуваното прво место на табелата.