Фудбал

НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ ДОБИ НОВ СОПСТВЕНИК!

Македонскиот фудбалски клуб Вардар, официјално го потврди новото сопствеништво. Атила Бижен Жалили е новиот газда на најтрофејниот македонски фудбалски бренд, по откупените 85% од акциите.

Засега од предвидените реформи нема подетални информации, освен дека следува финансиска, организациона и резултатска консолидација на клубот.

 

Вардар засега во новата сезона се најде во битка за опстанок во Првата лига, Црвено-црните се наоѓаат на претпоследното место на табелата со само 7 освоени бода по 9 кола во домашното првенство.