ЕВРОЛИГАШКО ДЕБИ ЗА НЕНО: ОВОЈ МОМЕНТ ГО ЧЕКАВ СО ГОДИНИ
Објавено на: 03.10.2024
Ненад Димитријевиќ, репрезентативецот на Македонија, вечерва ќе дебитира во Евролигата со својот тим Олимпија Милано.
Популарните Манекени ги чека гостување кај Монако во првото коло, а Ненад вели дека ова е моменто што го чекал цела негова кариера.
„Монако е еден од најдобрите тимови во последните неколку сезони, лани играа на фајнал-фор. Имат талентиран ростер и физички се многу силни, знаеме дека не чека тешка задача. Треба да одговориме на предизвикот и да се вратиме дома со победа. Што се однесува до мене, оваа шанса ја чекав со години, да играм во Евролигата, а вистинска привилегија е што ќе го сторам тоа со клуб каков што е Олимпија“, истакна Димитријевиќ.
Дуелот Монако – Олимпија Милано е закажан за вечерва во 19 часот.