Фудбал

КАКО ЌЕ НАПРЕДУВААТ „GLI INVINCIBILI“ НА МАНЧИНИ?

Има генрации што може да се наречат „непобедливи“, но посебно место имаат избраниците на Дон Роберто кој од лузери создаде бесмртници, кои не знаат за пораз на 34 натпревари.

Според последните неофицијални проценки, европскиот шампион Италија на табелата на ФИФА најверојатно ќе напредува три места и на 12-ти август ќе биде на 4-та позиција.

Италија победи на 29 и одигра пет реми средби од кои две беа на стартот. Непобедливиот марш почна со 1:1 против Украина (2018), а последни против Италијанците се радуваа Португалците.

Следен на менито е рекордот на Бразил и на Шпанија – 35 натпревари во низа, а следните натпревари се квалификациите за СП против Бугарија, Швајцарија и Литванија, во септември.