Фудбал

УСВОЕНА ЖАЛБАТА НА ЈУНАЈТЕД, БРУНО ПОМИНА БЕЗ СУСПЕНЗИЈА

Англиската ФА ја прифати жалабта на Манчестер јунајтед за црвениот картон на Бруно Фернандес, кој Португалецот го заработи во поразот од Тотенхем изминатиот викенд.

Фернандес се спаси од суспензија од три натпревари и нема да го пропушти следниот натпревар на Црвение ѓаволи против Астон вила, предвиден да се одигра на 6 октомври во рамките од седмото коло во Премиер лигата.

Капитенот на Јунајтед заработи директно исклучување при еден остар старт врз Џејмс Медисон, за што требаше да биде суспендиран за дуелите против Астон вила, Брентфорд и Вест хем.