Кошарка

НОВО ШОУ НА ПОПОВИЧ – ЌЕ МЕ СЛУШАШ ДОДЕКА ЗБОРУВАМ И ЌЕ БИДЕШ ТИВОК!

Лас вегас е местото каде селекцијата на САД го загуби и вториот подготвителен натпревар, во серијата мечеви пред настапот на ЛОИ во Токио.

Поуспешни во вториот меч беа избраниците на Австралија, со 83:91. Претходно, подобри од Американците беа Нигеријците кои славеа со 87:90, а следниот противник е Аргентина.

Селекторот Грег Попович, во негов стил им се спротивстави на новинарите кои, според него, претпоставуваат дека САД треба да „ги згази“ сите противници , со што се потценуваат и не се почитуваат другите репрезентации:

Американците загубија од Нигерија која е предводена од Мајк Браун, некогашен тренер на Кливленд и Лејкерс, односно селекцијата на Австралија за која настапуваат 6 врвни НБА играчи.

Сепак, дали првиот кандидат за златото има „оправдување“ за ваквите резултати и покрај тоа што ова се егзибициски натпревари?