ЕВРОЛИГАТА ПРЕТСТАВИ НОВ СИСТЕМ НА ФИНАНСИСКИ ФЕРПЛЕЈ
Објавено на: 16.09.2024
Раководството на Евролигата денес презентираше нов финансиски систем кој ќе биде имплементиран од сезоната 2027/28. Имено, целта е лигата да добие финансиска транспарентност, како и порестриктивно трошење на буџетите при ангажмани на играчи.
Евролигашите ќе мора да потрошат најмалку 32% од приходите кои се акумулирани во двегодишен период, а тоа се заработки на ден на натпреварите, реклами и маркетинг и друго. Сегментот „друго“ не е дефиниран и засега е непознато каква флексибилност ќе им донесе на клубовите.
Се воведува и данок на луксуз, како и горна граница на плати, нешто слично како што има во НБА лигата во вид на „селери кеп“.
Интересен е делот кој вели дека доколку одредениот клуб потроши повеќе од предвидениот процент, ќе мора да плати компензација на останатите клубови кои ќе се придржуваат до рестрикциите.