Фудбал

МИЈАТОВИЌ СО КРИТИКА КОН ВИНИСИУС И НЕГОВАТА ПРОСЛАВА

Поранешната фудбалска легенда и екс-технички директор на кралевите, имаше што да каже по вчерашната победа на Реал Мадрид на гости кај Реал Сосиедад.

Судијата досуди најстрога казна, а Винисиус беше играчот кој го изведе пеналот. Откако прецизно стрелаше, тој се сврте кон публиката и гестикулираше „тишина“ со показалецот кон устата. Тоа наиде на многу свирежи и бес од домашните навивачи.

На таквиот начин на прослава на своите голови, коментар даде Предраг Мијатовиќ.

Винисиус треба да направи чекор наназад и да се смири. Среќни бевме поради голот, но разочарани сме од прославата. Сам на себе си фрла камења, знаејќи што се се збори за него. Сум разговарал со многу фанови на Реал Мадрид, сите го сакаат, но не се задоволни од начинот на кој се однесува на теренот.

Дали Бразилецот намерно ги прави овие испади на теренот како би се ставил во улогата на жртва подоцна? Пиши ни во коментар на Фејсбук.