Фудбал

РЕКОРДЕРОТ НА УРУГВАЈ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ ЌЕ ГО ОБЛЕЧЕ НАЦИОНАЛНИОТ ДРЕС

Луис Суарес, рекордерот на Уругвај по бројот на погодоци, соопшти дека во овој репрезентативец циклус ќе го одигра последниот натпревар во националниот дрес.

Уругвај на 7 септември ќе ја пречека селекцијата на Парагвај во квалификациите за Светското првенство 2026, меч во кој Суарес за последен пат ќе ги брани боите на својата земја.

„Многу ми е тешко што ќе го кажам ова, но против Парагвај ќе го одиграм последниот натпревар за репрезентацијата. Долго време размислував и анализирав, знам дека многу тешко ќе биде за мене да се појавам на следниот Мундијал, затоа оваа одлука ја донесов во вистински момент. Последниот меч ќе го играм со многу ентузијазам, исто како првиот на кој настапив во 2007 година“, низ солзи изјави Суарес.

Ексголгетерот на Барселона и Ливерпул низ кариерата запиша 142 настапи за Уругвај, што го прави втор фудбалер зад Диего Форлан со најмногу настпапи, додека со 69 погодоци е најдобар стрелец во историјата на оваа земја.