Фудбал

УТКА ШТО ЌЕ ГО ПРОГОНУВА МЛАДИОТ ГИУ УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ (ВИДЕО)

Марк Гиу, младиот напаѓач на Челси кој летово пристигна од Барселона, на неславен начин го забележа својот прв настап за Сините на меѓународната сцена.

Во квалификацискиот меч против Сервет во Конференциската лига, Шпанецот можеше да го запише првенецот во синиот дрес откако изврши притисок и му ја одзеде топката на противничкиот голман. Сепак, празниот гол на само три метри од него не беше доволно за Гиу да ја затресе мрежата, откако упати очаен и слаб удар кој голманот лесно го скроти.