МИОВСКИ ГИ ПОЗДРАВИ ФАНОВИТЕ НА ЖИРОНА И ИМ ДАДЕ ВЕТУВАЊЕ
Објавено на: 21.08.2024
Бојан Миовски на социјалните мрежи за првпат им се обрати на навивачите на Жирона, по комплетирањето на трансферот од редовите на шкотски Абердин.
Миовски им вети на фановите дека ќе даде сѐ од себе за носејќи го дресот.
„Здраво, драги фанови на Жирона. Многу сум возбуден што сум дел од овој фантастичен клуб. Подготвен сум да дадам сѐ за овој амблем и за вас, со нетрпение чекам да се видиме на стадион“, напиша Бојан на неговиот твитер-профил.
Македонскиот репрезентативец со овој трансфер доби прилика да настапува во Лигата на шампионите, покрај тоа што ќе игра во една од најквалитетните лиги во Европа, против великаните како Реал Мадрид, Барселона, Атлетико…