МОРАТА СЕ РАЗВЕЛ БИДЕЈЌИ ЖЕНА МУ НЕЈЌЕЛА ДА СЕ СЕЛИ
Објавено на: 19.08.2024
Ја знаете онаа народна поговорка „среќа во несреќа“? Можеби тоа му се случило на Мората, кој иако си замина од Атлетико Мадрид и потпиша за Милан, сепак имаше несреќа што мораше да се раздели од неговата жена.
Мората и Алис Кампељо беа во брак 7 години од кој имаат 4 деца. Но по завршувањето на Европското првенство на кое Шпанецот стана Европски шампион, како бомба одекна веста дека се разведува од италијанскиот модел и дизајнерка. Иако на фотографиите од Европското првенство делуваше дека се едно големо и среќно семејство, сепак работите не биле баш такви како што изгледаше.
Според Алваро Мората, кој имаше интерјву за шпанска марка, главна причина за разводот е тоа што Алис Кампељо не сакала да се сели од Мадрид во Милано.
Срушен сум, но ви се колнам, никогаш не сум ја изневерил. Таа е најважната жена во мојот живот. Сакаше да останеме во Шпанија и не сакаше повторно да се сели. Иако имаме различни погледи на нештата, имаме одлични односно пред се поради нашите четири деца. Сепак, нема премислувања, тоа е што е.
Пред Атлетико Мадрид, Мората беше дел од Јувентус, Реал Мадрид и Челси.