БАГ НА ФАНТАЗИ КОЈ ТИ ОВОЗМОЖУВА 4 ИГРАЧИ ОД ЕДЕН КЛУБ
Објавено на: 19.08.2024
Епа драги „фантазери“ и на организаторот т.е Премиер лигата им се случува да згрешат. А ваквата грешка може да ги чини многу играчи низ светот многу поени повеќе доколку вечерва Тотенхем одигра натпревар од соништата.
Неколку играчи на социјалните мрежи споделија принт скринови од нивните тимови, како имаат четири играчи од Тотенхем. Како е тоа можно и за што станува збор?

Креаторите на Фантази лигата односно некој „девелопер“ очигледно заборавил да го смести Соланке како играч на Тотенхем, иако графички така и е претставен. Па така, доколку имаш три играчи од Тотенхем, слободно можеш да го додадеш и Соланке, кој претходната недела направи трансфер во северен Лондон.
Правилата велат дека можеш само тројца играчи од еден клуб да имаш во тимот, но очигледно ова коло отстапка е Тотенхем. Сепак, веруваме дека со почетокот на следното коло и оваа грешка ќе биде корегирана.