ПРИРАЧНИК ЗА ПРВОТО КОЛО ОД ФАНТАЗИ ПРЕМИЕР ЛИГАТА
Објавено на: 15.08.2024
Последниот ден пред почетокот на новата сезона е зад аголот, а доколку се уште не си го составил твојот тим за Фантази Премиер лигата, на вистинското место си бидејќи подготвивме неколку совети за тебе пред „првиот судиски свиреж“.
Сезоната започнува утре од 21:00 часот, но за „менаџерите“ на Фантази 90 минути претходно бидејќи до тогаш може да се прават измените за првото коло.
Ако се прашуваш кои се најголемите измени оваа сезона, тоа е што слободните трансфери можат да достигнат до 5 наместо досегашните 2, што ќе им даде голема можност на оние кои не менуваат ретко во одреден момент да можат да сменат 5 играчи одеднаш. Како и да е, на почетокот сите трансфери се бесплатни, па затоа подготвивме неколку совети за тебе и статистики, кои веруваме дека може да ти помогнат.
ПOВРЕДЕНИИако имаш клупа од 4 играчи, реално никој не сака да се потпре на клупата уште од првото коло. Поради тоа, имаме неколку информации кои можеби ќе ти помогнат да избегнеш повредени или играчи кои имаат сомнеж дали ќе настапат од првото коло пороади повреда. Па така, Хојлунд и Шо во Јунајтед речиси сигурно нема да настапат на гостувањето кај Фулам, Њукасл ќе биде без Ботман и Ласелас кај Саутемптон, додека Фабиан Шер е под знак прашалник. Ричарлисон кај Тотенхем е отсутен во дуелот против Лестер, Брејтвајт нема да игра за Евертон, а Сити ќе мора без Џек Грилиш да стартува.
Доколку имаш инфо за други играчи кои важат за ѕвезди во тимовите, пиши ни на Фејсбук или Инстаграм, ќе дополниме во коментари.
ПОТЦЕНЕТИ ИГРАЧИ КОИ МОЖЕ ДА НАПРАВАТ БУМВеројатно еден од Халанд или Салах ќе ти биде во тимот, но цената за овие двајца играчи е огромна и веднаш ќе ти го потроши буџетот од 100 милиони фунти. Затоа, секоја година од зад сенката излегуваат многу играчи со ниска цена кои носат големи бодови. Такви ќе има и оваа година, а ние се осмелуваме да типуваме кои ќе бидат тие.
Валентин Барко за 4 милиони фунти ќе биде стартер кај Брајтон на местото на повредениот Еступинијан, што го прави како погодна опција кога се штеди во одбраната, за сметка на средниот ред и навалната линија. Кај Брајтон, добра опција е Жоао Педро како напаѓач, кој чини само 5,5 милиони фунти, а имаше одлична претсезона.
Морган Роџерс три пати беше стрелец за Астон Вила во летниот период, а чини само 5 милиони фунти, но друга опција во нападот е и Смит-Роу, кој ќе има голема минутажа во Фулам откако си замина од Арсенал. Неговата цена изнесува 5,5 милиони фунти.
Што се однесува до потценететите играчи со ниски цени во Сити, несомнено тука е Оскар Боб (5м). Тој ќе добие поголема минуутажа на стартот од сезоната, бидејќи Пеп Гвардиола не сака да брза со враќањето во полн ритам на неговите главни ѕвезди. Друга опција во средниот ред може да ти биде и Јакоб Марфи од Њукасл, кој добиваше огромна минутажа во пријателските натпревари, а чини исто така 5,5 милиони фунти.
ИГРАЧИ КОИ ЗАСЛУЖУВААТ ДА БИДАТ ВО ТИМОТЕден од Халанд и Салах, ако не и двајцата, иако Салах би бил понесигурната опција поради Арне Слот и новиот начин на игра на Ливерпул. Што се однесува до Халанд, во првото коло Сити игра против Челси, но веќе во второто е одлична опција за капитен бидејќи играат дома против Ипсвич. Освен овие двајца, можеби „стуб“ во составот треба да ти биде Александар Исак, кој чини 8,5 милиони фунти, а во средината Езе од Кристал Палас за сума од 7 милиони фунти е секако сигурен избор.
ПРОМЕНА НА ЦЕНИДо петок, цените на играчите нема да се менуваат, но веднаш по стартот на сезоната, се очекува дека ќе има промена на цените особено кај големите ѕвезди. Затоа, еден совет за оние кои сакаат тим на „долги стази“, можеби добро е да почекаш со дефинитивниот избор и да менуваш во првите кола, како би имал поголем просторски маневар.
Сепак, да не остане дека не сме кажале, имај го во предвид и овој факт.

Легендата вели дека Фантази лига не се освојува во првите кола, но и те како се губи во првите кола. Затоа наш предлог е да играш на сигурно, како не би заостанувал многу во првите неколку кола. Новата сезона ќе донесе изненадувања, нови ѕвезди во Премиер лигата за „ниски буџети“ па затоа почекај со нивно внесување до почетокот на четвртото коло по репрезентативните паузи.
Како сигурни играчи кои секогаш сакаш да ги имаш би ги издвоиле Халанд, Сака, Сон, а за останатите оставаме на тебе.
ЗЛАТНА КОПАЧКА ФАНТАЗИ ЛИГАДоколку се уште не си дел од најголемата лига во Македонија, во која доделуваме вредни подароци за најдобрите 3, но и ваучери од 100 евра за првите тројца секое коло, денес е време да се придружиш!
Код за влез: ehmos2
Повеќе инструкции и информации за влез можеш да дознаеш на следниот линк: КЛИК