Кошарка
КРИС ПОЛ ИМА ШАНСА ДА ГО РЕДЕФИНИРА НАСЛЕДСТВОТО ШТО ЌЕ ГО ОСТАВИ
Објавено на: 07.07.2021
Фаворитот бр. 1 за освојување на наградата МВП на финалето во НБА лигата, конечно доаѓа до израз по годините поминати во сенка на останатите ѕвезди. Расниот плејмејкер беше најдобриот поединец во првата победа на Феникс, во првиот меч од финалето против Милвоки.
Крис Пол постигна 32 поена збогатени со 9 асистенции, предводејќи ги Санс чекор понапред во битката со историјата, во триумфот 118:105.
