Фудбал

МБАПЕ СИ ИСПОЛНИ УШТЕ ЕДНА ЖЕЛБА: СТАНА ГАЗДА НА КЛУБОТ ОД ДЕТСТВОТО

Килијан Мбапе има лето од соништата. По исполнување на сонот да го облече белиот дрес на Реал Мадрид, француската мега-ѕвезда заплива и во бизнис-водите, по неговата инвестиција од 15 милиони евра.

Имено, Мбапе откупи 80% од акциите на францускиот второлигаш Каен, каде како дете беше на проби и краток период тренираше во младинските категории на овој клуб.

Во своите детски денови, Мбапе помина неколку фудбалски академии во потрага по идеалната средина каде би се развивал. Каен беше една од тие академии, но на крајот се одлучи за Монако. Сепак, љубовта кон овој клуб му остана, па сега како еден од најплатените фудбалери во светот, си приушти да стане акционер.