Фудбал

ПОТФРЛИ ОБЕЗБЕДУВЊЕТО НА КОПА АМЕРИКА: ЛУЃЕ ВЛЕГУВАА НА СТАДИОН ПРЕКУ ВЕНТИЛАЦИЈА (ВИДЕО)

Аргентина е старо-нов шампион на Копа Америка по минималната победа ноќеска против Колумбија во големото финале кое се играше во Мајами на „Хард Рок“ стадионот.

Иако тоа е поважната тема, не смее да се испушти коментар околу организацијата на турнирот и фактот што САД потфрли во повеќе сегменти, особено во безбедноста како за играчите, така и за гледачите.

Интересот за финалето беше толку голем, што луѓето влегуваа на стадион пеку вентилацијата, односно не се бираше начин да се стигне до трибините за да се проследи во живо големото финале.