ЕВРО 24

ФУРИОЗЕН СТАРТ НА ШПАНЦИТЕ ВО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ (ВИДЕО)

Ако првото полувреме беше тактичко надмудрување, погодокот на Нико Вилијамс на стартот од вторите 45 минути најави дека Шпанија нема да чека и со сите силни ќе тргне кон европската титула.

Едноставна, но ефикасна акција во која Јамал го проигра брзоногиот офанзивец на Билбао во шестнаесетникот, а овој од прва го совлада Пикфорд на неполни две минути игра во вториот дел.