АМЕРИКАНЦИТЕ СОНУВААТ ЗА КЛОП?
Објавено на: 11.07.2024
Фудбалската федерација на САД се обидува да го убеди Јирген Клоп за иден селектор на националниот состав.
Овој амбициозен потег е последица од слабиот настап на Американците на Копа Америка, каде како домаќини беа елиминирани уште во групната фаза. Поради неуспехот, селекторот Грег Берхалтер доби отказ, а како наследник на тренерското столче, во федерацијата на САД сонуваат да биде токму ексменаџерот на Ливерпул.
Американците ќе бидат ко-домаќини на Светското првенство 2026 година, токму затоа посакуваат стратег од светска класа да ги предводи за да остварат успех на Мундијалот.
Сепак, познато е дека Клоп по 9 години на „Енфилд“ реши да одмори најмлаку една сезона, а не е познато дали би прифатил селекторски предизвик или ќе се врати во клупскиот фудбал.