Фудбал

ХАОС НА КОПА АМЕРИКА: НУЊЕС НА ТРИБИНИ СЕ ТЕПАШЕ СО КОЛУМБИСКИ НАВИВАЧИ (ВИДЕО)

Тотален хаос се случи по крајот на полуфиналниот дуел меѓу Уругвај и Колумбија на Копа Америка, откако репрезентативците на Уругвај се качија на трибините и почнаа да се тепаат со колумбиските навивачи.

Дарвин Нуњес беше особено изнервиран и тргна да се пресметува со сите кои беа околу него во жолти дресови.

Хаосот настана од непознати причини, но веројатно се работи за некаква тешка провокација штом фудбалерот на Ливерпул не можеше да го исконтролира својот гнев.

Уругвај не успеа да обезбеди пласман во финалето, откако Лерма ја реши средбата во корист на Колумбија со 1-0 уште во првото полувреме.

Колумбија ќе се сретне со бранителот Аргентина во големото финале на јужноамериканскиот турнир.