САУТГЕЈТ ЌЕ ДОБИЕ ТИТУЛА „СЕР“ ДОКОЛКУ АНГЛИЈА ЈА ОСВОИ ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА
Објавено на: 10.07.2024
Репрезентацијата на Англија вечерва ќе ги одмери силите со Холандија во обидот да обезбеди пласман на второ европско финале во низа.
Националниот состав на Гордиот Албион предводен од Герет Саутгејт, има шанса да да се поправи за загубената битка за титулата од пред три години, кога Италија на „Вембли“ беше подобра на пенали и ги натажи Англичаните.
Доколку се случи Англија да ја освои континенталната титула, Саутгејт ќе ја добие титулата „Сер“, односно кралот Чарлс ќе му додели витешка титула за спортско остварување. Според неколку англиски медиуми, тоа може да се случи и без Англија да ја освои титулата.
Со Саутгејт на клупата, Англија стигна до три полуфиналиња на последните четири интернационални турнири, вклучувајќи и полуфинале на Светското првенство во 2018 година.