КЈЕЗА НА ПРОДАЖБА ЗА БАГАТЕЛА
Објавено на: 05.07.2024
Тијаго Мота, новиот тренер на Јувентус, продолжува со реконструкцијата на екипата во овој преоден рок, па така следен играч кој треба да замине од клубот е Федерико Кјеза.
Бјанконерите одредија евтина цена за продажба на ексфудбалерот на Фиорентина, и тоа од само 25 милиони евра, сума која не мора да се исплати цела во кеш, туку може и на рати. Цената е за 10 милиони пониска од моменталната вредност на Кјеза на фудбалскиот пазар.
Италијанскиот репрезентативец имаше слаб настап на Европското на кое Аѕурите како бранители на титулата беа елиминирани во 1/8 финалето од Швајцарија. Воедно, минатата сезона не беше константен и честопати повреден, што е една од причините за Мота да не смета на него.