Тенис

ТЕНИСЕРКИВЕ ЗА МАЛКУ НЕ СЕ СТЕПАА НА ВИМБЛДОН

Ајла Томљановиќ ја совлада Јелена Остапенко со пресврт 6:4, 4:6 и 2:6 во рамките на 1/16 финалето на најпрестижниот тениски турнир, но фактот што се наоѓаат на терените каде респектот се цени повеќе од се на светот, не ги спречи да ги покажат своите темни страни.

Во текот на мечот, Томљановиќ ја обвини Остапенко декја симулира повреда за да ја исфрли од ритам, а на крајот Остапенко „и се пушти“ на победничката со зборовите дека воопшто нема респект за тенисот и дека однесувањето и е страшно.