ЃОКОВИЌ ПАТУВА ЗА ВИМБЛДОН
Објавено на: 22.06.2024
Доскорешниот светски број 1, а моментално трет светски рекет, неочекувано според британските медиуми ќе отпатува во Лондон каде на први јули ќе започне третиот Грен слем сезонава.
Според британскиот јавен сервис ББС, Новак Ѓоковиќ ќе отпатува во Лондон, каде што ќе одлучи од „лице место“ дали ќе настапи на неофицијалното светско првенство, по операцијата на коленото поради која го прекина учеството на Ролан Гарос. Како што јавуваат британските новинари, поголемата грижа за Србинот е промената на подлогата за краток период, бидејќи речиси до пред две недели играше на земја, сега ќе мора да се префрл на трева, а две недели по Вимблдон започнуваат Олимписките игри во Париз каде што повторно ќе треба да се префрлат на земја.
Промените на подлогите би била потенцијален ризик фактор, па Ноле заедно со својот тим ќе оценат дали настапот на Вимблдон вреди на само 3 и пол недели пред ОИ во Париз, трофеј кој му недостига за комплетирање на се што може да се освои.
Она што го привлекува Новак да настапи во Лондон е можноста да го освои осмиот трофеј на Вимблдон што би го поминал и Роџер Федерер и во таа конкуренција.