Кошарка

ЈОКИЌ ВО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ОЛИМПИЈАДАТА (ВИДЕО)

Никола Јокиќ работи во полна пареа да биде максимално подготвен за Олимпијадата во Париз која почнува за околу 40 дена.

Пред неколку дена и официјално се потврди дека најкорисниот играч од НБА лигата ќе настапи за Србија, а популарниот Џокер уште е во Сомбор каде покрај активностите со коњите, знае да одигра и по некоја партија баскет со пријателите.

Кога велиме „работи во полна пареа“, апсолутно е во сатирична смисла бидејќи Јокиќ буквално си игра со пријателите, па иако ризикува повреда, тоа не го спречува да се дружи како што знае.