Фудбал

ПОЗНАТ КАЛЕНДАРОТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА: ГОЛЕМО ДЕРБИ ВО ПРВОТО КОЛО

Челси против Манчестер сити е дербито во премиерното коло за сезоната 2024/25 во Премиер лигата, дуел кој е предвиден да се одигра на 18 август.

Организаторите на англиското првенство го обелоденија целосниот распоред на натпревари за новата сезона, а веќе во првото коло ќе се сретнат екипите кои во ланската сезона го одиграа највозбудливиот натпревар, кога на „Стемфорд бриџ“ во Лондон Челси и Сити ремизираа при високи 4-4.

Токму на истиот стадион ќе гостува бранителот на титулата со очекувања дека повторно ќе гледаме голеада.

Инаку, Манчестер јунајтед ќе ја отвори сезоната против Фулам, во петок, 16 август. Ден подоцна, Ливерпул гостува кај новајлијата Ипсвич, додека Асенал ќе го пречека Вулверхемптон. Премиерното коло ќе се комплетира со средбата меѓу Лестер и Тотенхем, во понеделник на 18 август.