Тенис

КОГА ТИ Е БЛАГОДАРЕН ЦЕЛИОТ СВЕТ…

Доаѓаш на тениски натпревар, сакаш да се опуштиш и да гледаш тенис како и секој Англичанец, но тогаш, ја доживуваш кулминацијата на животот на отворена сцена. Луѓето спонтани, сите како еден, претходно еден по еден додека да сфатат, ти се заблагодаруваат затоа што им ги спасуваш животите, со аплауз, кој за тебе, трае вечно…

Сара Кетрин Гилберт е британски вакцинолог, професор по вакцинологија на Универзитетот во Оксфорд и ко-основач на „Vaccitech“. Специјалноста на Гилберт е развој на вакцини против грип и нови вирусни патогени. Таа учествуваше во создавањето на вакцината АстраЗенека.