ЕВРО 24

АНГЛИЧАНИТЕ СЕ ЖАЛАТ ОД ЦЕНИТЕ НА НИСКО-АЛКОХОЛНИТЕ ПИВА НА СТАДИОНИТЕ

Англија пред малку против Србија го започнаа патувањето кон финалето, овојпат надевајќи се дека нема да им се случи она што им се случи пред 3 години против Италија, но уште на првиот дуел негодувања од поддржувачите…

Повеќе од 40.000 англиски навивачи се во Гелзеркирхен деновиве, а повеќе од 30.000 се очекува да има на стадионот на Шалке, каде што во моментов водат со 0:1 против Србија. Она што е интересно е дека главна вест не е Белингем во моментов, туку шокантните цени дури и за англиски услови на стадионот.


Битбургер е пивскиот спонзор на ова Европско првенство и нивните пива ќе се служат на сите стадиони додека се игра Европското во Германија. Тие во пресрет на континенталниот собир подготвиле помалку алкохолно пиво од вообичаеното, кое ќе се служи на оние натпревари на кој има висок ризик од инциденти, а еден таков е и овој помеѓу Србија и Англија.

Англиските навивачи реагираат на цените на ова пиво, кое тие го нарекуваат како вода, а цената е 7,5 евра, што од прилика е иста како во пабовите низ Лондон. Сепак, тие реагираат дека 7,5 евра вреди да се плати за пиво, кое има нормално ниво на алкохол.

Слатки маки кога ја бодриш својата земја на Европско првенство?