Тенис

ЃОКОВИЌ ПОД НОЖ – ГО ПРОПУШТА ВИМБЛДОН, ДАЛИ ЌЕ ЗАКРЕПНЕ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА?

Новак Ѓоковиќ по откажувањето на Ролан Гарос, веднаш го оперираше коленото кое го повреди во 1/8 финалето на францускиот гренслем.

Присилното откажување од одбраната на титулата сепак, не е единствената лоша вест за српскиот тенисер, туку сега ќе мора да го откаже настапот и од Вимблдон, со оглед на тоа дека треба да мирува најмалку три недели по операцискиот зафат.

Прашање е дали Новак ќе закрепне до почетокот на Олимпијадата во Париз, каде Србинот целеше да го освои златниот медал, единственото одличје кое му недостасува во пребогатата трофејна кариера.

Освен тоа, фактот што Ѓоковиќ не е во можност да ја брани титулата на Ролан Гарос, го загуби и првото место на АТП, на кое засега стои Јаник Синер.