ЕВРО 24

ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА НА ГРУПА Ц

И во групата Ц се очекуваат доста возбудувања, особено во битката за второто место. Мнозинството прогнозираше дека Англија ќе ја предводи групата, а дилемата е дали Србија или Данска ќе биде втора. Со цел да ви олесниме во типувањето, направивме уште една анализа во која пред сѐ ги потенциравме силните карактеристики на четирите репрезентации.

АНГЛИЈА

  • ФИФА ранг-листа: 3
  • Најдобар учинок: Вицешампиони во 2020 година

Ако Гордиот Албион беше еден од фаворитите на минатото ЕП, сега се меѓу топ две репрезентациите од кои се очекува да го кренат европскиот трофеј. Англичаните се навикнати со леснотија да ја минат групната фаза, а нема да се задоволат со ништо помалку освен нова прилика да се борат за титулата. Пласман во топ 4 очекуваат сите фудбалски фанови, a ние типуваме дека повторно ќе играат финале, со коефициент 2.65.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Тешко може да се издвои еден или двајца фудбалери од тимот кој го води Саутгејт, но ако веќе мора, носителите на овој состав се Хари Кејн, Џуд Белингем и Фил Фоден. Доколку дефанзивата им е цврста, офанзивците сигурно ќе ги донесат посакуваните резултати.

 

СРБИЈА

  • ФИФА ранг-листа: 34
  • Најдобар учинок: /

Ова ќе биде прв настап за Србија на едно Европско првенство откако е самостојна држава, што ги прави Орлите едни од најнепредвидливите противници. Индивидуалниот квалитет на секоја позиција е неспорен, на селекторот Пикси е на  тешка задача да ги сплоти индивидуалците во колектив кој ќе донесе резултати, нешто што беше случај на Светското првенство Катар. Нивната цел секако е да продолжат во нокаут фазата, според коефициентот 1.60 тоа е реален исход.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Напаѓачкото дуо Митровиќ – Влаховиќ може да прави многу проблеми, но тука се и Тадиќ и Милинковиќ-Савиќ со нивните креативни квалитети како дополнителна закана за противниците. Доколку овие четворица одиграат на врвно ниво, сплотено и тимски, Србија ќе биде доста моќна.

 

ДАНСКА

  • ФИФА ранг-листа: 19
  • Најдобар учинок: Шампиони во 1992 година

Данска беше најпријатното изненадување на минатото ЕП со пласманот меѓу четирите најдобри селекции, а со тоа се кренаа и очекувањата за претстојниот турнир. Сепак, Данците се најдоа во оваа незгодна група Ц, па според неодамнешните резултати, малкумина веруваат дека можат повторно да стигнат до полуфиналето. Надежите се дека ќе успеат да се наметнат меѓу 16-те најдорби, но не и повеќе. Нашата прогноза е дека Данска нема да освои повеќе од 4,5 бода, коефициентот за тој тип е 1.60.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Искуството на Кристијан Ериксен е од огромна важност за Данците, но тој одамна не е константен и прашање е дали ќе биде редовен во стартните 11. Овој турнир може да биде шанса за Расмус Хојлунд да блесне во вистинско светло, доколку го намести нишанот.

 

СЛОВЕНИЈА

  • ФИФА ранг-листа: 54
  • Најдобар учинок: Групна фаза во 2000 година

Пласман во нокаут фазата ќе значи голем успех за словенечката репрезентација, со оглед на тоа дека ова е само втор нивен настап на континенталниот фудбалски собир. Фактот што до завршниот турнир стигнаа како второпласирани во квалификациите со ист бој на бодови како Данска ги прави доста незгоден противник. За Словенија да ја помине групата ќе биде потребна доста среќа, но ќе биде во игра за третото место, а коефициентот за тој пласман е 6.00.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Искусниот голман и воедно капитен на селекцијата, Јан Облак, им е најзвучното име, но треба да се внимава и на 20-годишниот офанзивен талент, Бенјамин Шешко, кој веќе брои 10 погодоци во националниот дрес. Овој турнир може да биде добра прилика за негов блесок, а веќе мета е на неколку големи европски великани.

 

ДОКТОРСКО ПРЕДВИДУВАЊЕ

Сите ја гледаат Англија како првопласирана во групата, што значи битка ќе се води за второто место кое би требало да припадне на Данска поради што има повеќе искуство од Србија во ваквите натпреварувања.

Англија прва, Данска втора, Србија трета, а Словенците задоволни со самото учество.

 

ТИПОВИ ЗА ОВАА ГРУПА ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ПОНУДА

Англија да освои +6.5 бода во група

Коефициент: 1.70

Шифра: 6434

 

Данска да биде втора во група

Коефициент: 2.60

Шифра: 6411

 

Влаховиќ најдобар стрелец за Србија

Коефициент: 3.50

Шифра: 7185

 

Словенија да промаши најмногу шанси во група

Коефициент: 7.50

Шифра: 6719