АНРИ РАЗОЧАРАН ОД РЕАЛ И ЧЕЛСИ: ОЛКУ ОДБИВАЊА ИМАВ САМО НА КОЛЕЏ
Објавено на: 03.06.2024
Тиери Анри, селекторот на Франција до 21 година, ќе ги води Триколорите на претстојните Олимписки игри кои ќе се одржат во Париз.
Фудбалската легенда денес го соопшти списокот на фудбалери кои ќе ја бранат честа на Франција, а меѓу нив најзвучни имиња се Александер Лаказет, Варен Заире-Емери и Мишел Олис. Анри се надеваше дека ќе може да смета на уште неколку играчи, пред сè на Килијан Мбапе, како и на двајцата членови на Челси, Беноа Бадијашил и Мало Густо. Сепак, од таборот на Реал Мадрид и Челси стигнаа негативни одговори до селекторот Анри.
„Олку одбивања последен пат добив кога бев на колеџ. Тешка задача беше да се состави квалитетен тим.“, во шега изјави Анри.
Анри алудираше на тоа дека од Реал одбија да му дозволат на Мбапе, новата кралска мегаѕвезда, да игра за Франција на Олимпијадата веднаш по завршувањето на Европското првенство. Идентична одлука донесе и лондонскиот клуб, по реакција на новиот тренер Енцо Мареска, кој сака Бадијашил и Густо да бидат дел од претсезонските подготовки од самиот почеток.