Фудбал

МУРИЊО ПРИСТИГНА ВО ИСТАНБУЛ, ЛУДИЛОТО ЗАПОЧНА

Поранешниот тренер на Лејриа, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Јунајтед, Тотенхем и Рома, пристигна во Истанбул како би го официјализирал потписот со Фенербахче, чиј тим ќе го предводи од следната сезона.

И нормално, како секое големо име кое пристигнува во Турција, манијата започна уште од аеродромот, а потоа и на стадионот на турскиот прволигаш кој беше исполнет речиси до последно место.

Фенербахче ќе има мисија следната сезона да го детронизира Галатасарај кој беше шампион на Турција две сезони по ред.