Фудбал

СВИРЕЖИ ЗА МУРИЊО, ОВАЦИИ ЗА КЛОП ОД ФАНОВИТЕ НА ДОРТМУНД (ВИДЕО)

За половина час започнува големото финале, се е подготвено за спектакл, а фановите веќе го наполнија Вембли.

Но на трибините се и многу големи фудбалски „фаци“, па така кога на големите видео монитори го покажаа Мурињо, фановите на Дортмунд го испратија со грмежи од свирежи, но веднаш потоа камерите го уловија Клоп, па следеше бура од аплаузи.

Клоп го возврати поздравот, очигледно со голема поддршка за својот поранешен клуб со кој го играше финалето пред 11 години токму на Вембли, кога го загубија од Баерн Минхен.